Ветерот ќе прави струја и во Сопиште

Bez autora
Feb 26 2014

Освен за ветерниот парк „Богданци“, кој го градат Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и кој се очекува да почне со пробно производство веќе идниот месец, Македонија има предвидено можност за изградба и на други вакви капацитети со инсталирана моќност од вкупно 100 мегавати, а за кои идните инвеститори ќе добијат з гарантиран откуп на добиената електрична енергија во период од 20 години за цена од 8,9 евроценти за киловат-час. Одлуката на Владата за повластени производители на електрична енергија предвидува во следните две години да може да се изградат ветерни паркови со капацитет до 65 мегавати, до 2020 до 100, а потоа во следните пет години од уште 50 мегавати. Со нивна изградба ќе се добива годишно производство од 300 гигават-часови електрична енергија.

Ветерот ќе прави струја и во СопиштеОсвен за ветерниот парк „Богданци“, кој го градат Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и кој се очекува да почне со пробно производство веќе идниот месец, Македонија има предвидено можност за изградба и на други вакви капацитети со инсталирана моќност од вкупно 100 мегавати, а за кои идните инвеститори ќе добијат з гарантиран откуп на добиената електрична енергија во период од 20 години за цена од 8,9 евроценти за киловат-час.

Одлуката на Владата за повластени производители на електрична енергија предвидува во следните две години да може да се изградат ветерни паркови со капацитет до 65 мегавати, до 2020 до 100, а потоа во следните пет години од уште 50 мегавати. Со нивна изградба ќе се добива годишно производство од 300 гигават-часови електрична енергија.

Во овој капацитет влегува и ветерниот пар „Богданци“, кој во сегашнава фаза ќе има моќност од 38 мегавати, а во втората фаза, односно со поставување на уште шест ветерници, би се добил капацитет од 50 мегавати. Но тоа значи дека и сега постои слободен капацитет од 15 мегавати, кој би можел да се изгради од приватни инвеститори во наредните две години.

Според географската поставеност, Македонија е континентална земја заградена со планински венци, но сепак и кај нас постојат локации кои може да бидат интересни за поставување ветерници, односно за искористување на силата на ветерот во производство на електрична енергија.

Kако што велат од Министерството за економија, уште во 2005 година од страна на американската компанија „АВС Трувинд“ од Њујорк бил изготвен Атлас на ресурсите на ветерна енергија врз база на кој, со поддршка на норвешката владам бил реализиран проект за истражување на потенцијалот на ветерната енергија во Македонија. Во негови рамки биле направени мерења на мерни станици поставени на локациите Ранавец кај Богданци, Шашаварлија кај Штип, Богословец кај Свети Николе и Флора на Kожув. Со техничка помош од ИПФ за ЕЛЕМ изработена е предфизибилити-студија за четирите локации во согласност со која резултатите за локацијата во Богданци покажале дека таму постои најголем потенцијал за изградба на ветерен парк.

Локацијата кај Богданци била избрана не само поради присутните ветрови туку и поради други аспекти, пред с`, инфраструктурни - близина на пат, на трафостаница, далноводи и слично. Но, тоа не значи дека и другите четири локации не би биле поволни за поставување ветерници, можеби од помал обем.

Освен за овие четири локации, Министерството за економија во рамките на проектот ГЕФ почна и со мерење на потенцијалот на ветерната енергија на други пет локации, Берово, Свети Николе, Могила, Сопиште и Старо Нагоричино. Со добиената помош е набавена опрема, која во март лани е отстапена на Агенцијата за енергетика. Таа има обврска во период од три години да врши мерења на потенцијалот на ветерната енергија, а во последната година да изготви предфизибилити-студија за сите пет мерни места врз основа на податоците од мерењата во првите две години. Врз база на нив Владата ќе може да распише јавен повик за изградба на објекти што може да се стекнат со статус повластен производител на електрична енергија во согласност со Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија, која предвидува до 2020 година 20 отсто од потребите за енергија да ги задоволуваме од обновливи извори.

Kина најголем искористувач на ветерот

Инаку, искористеноста на ветерот има најголем раст во светот последниве години. На крајот од 2011 година во светот имаше инсталиран капацитет во ветерни централи од 140.000 мегавати. Светската агенција за енергетика проценува дека до 2020 година тој ќе порасне за четири пати. Водечка земја во светот по искористување на ветерот е Kина, а по неа се САД и Германија.

Во Европа најголем производител на струја од ветерот се Германија, Шпанија и Данска. Германија има 25.000 мегавати инсталирана моќност во ветерни електрани и е европски лидер во користењето на енергијата на ветерот.

Најисплатлива струја

Струјата од ветерот е најевтина, а според експертите, инвестицијата се враќа за седум години. ЕЛЕМ го чини 55,5 милиони евра поставувањето 16 ветерници со капацитет на секоја од 2,3 мегавати. Од нив годишно ќе се добиваат 100 гигават-часови електрична енергија, доволно за покривање на потребите на град од 60.000 жители.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik